_ ЗА НАС
Advanced Solutions Group е приватна компанија со седиште во Скопје, Македонија.
Нашата компанија е тука да ви помогне да ги постигнете сите ваши деловни потреби. Бизнис консалтинг, маркетинг услуги, ентериерно и екстериерно уредување се нашите три полиња на кои можеме да ви понудиме напредни решенија кои ќе ви донесат успех.
Со повеќе од 10 години искуство, нашиот тим и мрежа на партнери може да ви обезбеди напредни функционални решенија за вашите потреби базирани на практично знаење и искуство, со фокус на мерливи резултати кои носат зголемена продажба и профит.
Тимот на Advanced Solutions Group се состои од професионалци и мрежа од регионални и европски компании кои решаваат проблеми и предизвици од разни видови деловни активности повеќе од 10 години во многу полиња.
Одличното познавање на пазарот, практичниот пристап, високите стандарди го прави Advanced Solutions Group ваш избор доколку сакате да ја подобрите вашата компанија со напредни услуги од: бизнис консалтинг, маркетинг, ритеил менаџмент и ентериерно и екстериерно уредување.
Уникатната платформа на која работиме го опфаќа целокупниот процес од планирање, координирање и следење на егзекуцијата помеѓу барањата на клиентите и понудата од партнерската мрежа на компании кои испорачуваат услуги. Нашата задача е користејќи специфични алатки и голема база на “know how” да го следиме целиот процес и да сме гарантот за испорака на квалитетна услуга според спецификацијата и утврдената методологија.
Нашата Мисија
- Да го проучиме вашиот бизнис и цели со цел да создадеме успешни и функционални долгорочни решение.
- Со нашата експертиза од различни области, ние ќе ви помогнеме да ги реализирате вашите цели за да може вашиот бизнис да “цвета“.
- Со Позиционирање и маркетинг на вашиот бизнис на најдобар можен начин да направиме да растете и да ги оптимизирате продажбите долгорочно. Да допрете до вашата целна група на пазарот и да го преставите вашиот бизнис пред илјадници клиенти со цел да ги прикажете вашите производи и услуги и сè друго што можете да понудите.
Нашата Визија
- Нашиот тим да биде посветен на градење долгорочни и успешни врски со нашите клиенти. Секоја стратегија да биде прилагодена со цел да се обезбеди резултати кои нашите клиенти ги разбираат со цел да имаат доверба и да уживаат во соработката со нас долгорочно.
- Нашата компанија да соработува со компании кои ги разбираат своите цели и предизвиците што сакаат да ги надминат. Да гледаме на производите и услугите на нашите клиенти како на наши, со цел да создаваме напредни решенија кои даваат функционални резултати.
- Да бидеме еден вид на “конгломерат“ од успешни светски и домашни компании.
_ МАРКЕТИНГ И ПР
Маркетингот е многу повеќе од само реклама и промоција на одреден производ или услуга.
Ние во Advanced Solutions Group тоа го знаеме перфектно од нашето долгогодишното искуство во ова поле и постигнатите резултати за голем број на домашни и интернационални компании од разни дејности.
Мрежата на партнери која ја имаме на располагање со сигурност ќе ви испорача напредни решенија за вашиот бизнис кој ќе допринесат за раст и развој на вашата компанија и градење на автентичен бренд по светски стандарди.
Нашата компанија е вашиот one stop shop каде може да се интегрираат сите ваши маркетинг активности и услуги.
01
Маркетинг стратегија и план
02
ПР стратегија и услуги
03
Дигитален маркетинг
04
Адвертајзинг
05
Развој на брнед
06
Графички дизајн и видео продукција
07
Веб дизајн и e-comerence
08
Организација на настани и промоции
_ Консалтинг
Постојаните промени на пазарот наметуваат постојано да сте информирани и да бидете во тек со
сите новости кои доаѓаат низ постојаниот процес на развојот на деловното и оперативното
работење. Ние во Advanced Solutions Group обезбедуваме услуги на компаниите преку консалтинг
со цел поефикасно работење кои треба да резултираат со зголемување на приходите и профитот
на вашата компанија. Големото искуство и мрежа на професионалци, консултанти, експерти од
разни области и компании се гарантот за понудените напредни решенија во областа на бизнис,
стратегиски, менаџмент и оперативниот консалтинг што ви го нудиме.
- Анализа на пазарот
- Изработка на мастер план, бизнис план или физибилити студии
- Оперативно управување со целиот процес на регистрација
- Наоѓање решенија за правни прашања
- Наоѓање решенија за финансиски, сметководствени и даночни прашања
- Наоѓање на вработени
- Наоѓање на канцеларии, магацини и локали за бизнисот
- Наоѓање на напредно решение за ERP
- Наоѓање на решенија за е-трговија
- Наоѓање на соодветен партнер за инфраструктурни проблеми
- Други прашања поврзани со деловната активност
Виртуелна асистентка
Оваа наша услуга е со цел на клиентите да им се пружи премиум услуга за кои најчесто е задолжена асистентката во една компанијата.
Вас вие е потребно да бидете во чекор со
информациите, трендовите и промените на пазарот, да имате десна рака на која може да се потпрете за најразлични совети, работни задачи и други потреби кои не ги покриваат консалтинг
компаниите и маркетинг агенциите.
Вашата асистентка ќе може брзо и едноставно да ви ја заврши
зададената задача или пак да ви предложи решенија за вашите потреби.
- Административни услуги
- Креирање на обрасци за документи
- Наменски истражувања
- Организација на состаноци и посредништво
- Следење и изработка на извештаи (маркетинг, ПР, финансии и сл.)
- Деловна кореспонденција
- Организација на патувања (букирање летови, сместување, патничко и здравствено осигурување)
- Ваш личен и службен календар распоред на настани и состаноци
- Одржување на електронската пошта
- Набавка на подароци и испраќање